По укинувањето на информативните емисии, по кои со децении , Б 92 беше препознатливо, дојде време за завршниот удар насочен кон Радиото основано во далечната 1989 година.
„Иако грчкиот сопственик на оваа медиумска куќа, за која се врзани чувствата на Белграѓани, наследи лоша состојба, сепак ова не се очекуваше. Но, зачудува молкот од сите. Не реагираа ни Синдикатите, ниту колегите.
Вработените со СМС пораки или преку меил биле информирани дека за нив веќе нема работа.
Радио Б92, она радио кое на крајот на 80-те и почетокот на 90-те беше симбол за непокорот, веќе дефинитивно го нема“.