Полицијата ги сппречи работниците од „Ремонт на пруги“ да го блокираат железничкиот сообраќај, и не им дозволи да се качат на пругите и да ја остварат намерата да го блокираат возот Белград – Скопје.
МВР за овој потег им кажала на штрајкувачите дека според меѓународните конвенции не е дозволено да се блокираат меѓународните возови и транспорт.
Претседателот на Синдикатот на овие работници Борче Ѓошевски изјави дека сега ќе чекаат да ги видат ослуките на Економско – социјалниот совет и доколку не бидат реализирани нивните барања ќе донесат одлука на кој начин ќе продолжат во остварувањето на нивните барања, а пред се исплата на заостанатите 14 плати.
Штрајкувачите чекаат и одговор од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски за нивното барање да постават шатори пред Владата и да започнат штрајк со глад.