А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вајгл: Македонија сега има фер шанса да почне преговори за членство во ЕУ

by А1он16/07/2015 - 10:3170
Share0

Известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, вели дека земјата има фер шанса да почне преговори за членство во Европската унија, откако со негово и посредство на неговите колеги-европратеници Ричард Ховит и Едвард Кукан, како и на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, четирите најголеми политички партии во Македонија, вчера изутрина постигнаа договор за ставање крај на политичката криза во земјата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Вајгл, кој учествуваше во сите преговори меѓу Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, договорот што беше постигнат вчера изутрина во Скопје меѓу четирите главни политички партии стави крај на политичката криза со која Република Македонија се соочи.

– Со договорот што беше потпишан од страна на лидерите на четирите најголеми политички партии, а со посредство на комесарот Хан и тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит, Македонија сега има фер шанса да напредува како земја-кандидат за членство во ЕУ и конечно да започне преговори. Соработката меѓу Еврокомисијата, Европарламентот и Европскиот совет во овој процес беше ефикасна и продуктивна од самиот почеток. Сега, Македонија треба да се заложи за спроведување на реформите кои се очекуваат од земјата што се стреми кон евро-атланските интеграции, посочува Вајгл.

Според искусниот словенечки европратеник, политичкиот договор во Македонија меѓудругото вклучува враќање во парламентот на СДСМ, организација на нова влада што ќе подготвува избори што ќе се одржат на 24-ти април 2016 година и назначување на Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите, со кои, според Вајгл и започна политичката криза.

Следете a1on на Youtube YouTube
eu

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:31

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Горан Наумовски29/07/2026 - 19:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео