Шефот на грчката дипломатија во Тирана

Од:

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас престојува во посета на Тирана. По средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушани, за прес кнференција ја изнесоа определба за решавање на заедничките проблеми.

– Отворено разговаравме за низа прашања. Секој проблем ќе се реши во рамките на нормативите на меѓународното право. Ние сме земји членки на НАТО, а Албанија цели кон зачленување во ЕУ. Дијалогот и билатералната соработка меѓу двете земји се неопходни, изјави Бушати, додавајќи дека сите прашања не само што ги набројале туку ги скицирале и можните решенија.

Според Бушати на средбата со Коѕиас разговарале и за прашања од областа на безбедноста во регионот како и за грчката економска криза.

Од негова страна грчкиот дипломат откако албанската заедница во Грција ја оцнил како мост што ги поврзува двете земји искажал подршка за интеграцијата на Албанија во ЕУ.

– Ние сакаме да бидеме што покреативни за интеграцијата на Албанија во ЕУ. Секое нешто што се случува во Балканот треба да ја вклучи и Албанија, како што се енегретските и другите проекти. Соработката не е значајна само за двата народа, туку за цела југоисточна Европа, изјавил Коѕиас.

Тој потврдил дека со Бушати потпишале неколку билатерални спогодби и највил дека ќе ја разгледаат и спогодбата за пријателство, со цел нејзино подобрување.

– Ќе разгледаме како на заеднички начин да ги решиме постојните прашања, вклучувајќи го тука и прашањето за поморското разграниучување, додал тој.

За унапредување на билатерланата соработка во сите аспекти било разговарано и на средбите што тој ги имал со премиерот Еди Рама и спикерот на парламентот Илир Мета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ