Мост тежок неколку тони синоќа е украден во Брчко. Според трагите кои останале на земјата, крадците ги одвоиле завртките за врзување на железната конструкција на бетонските столбови и комплетно ја однеле во правец на најблискиот асфалетен пат.
Се претпоставува дека кражбата е направена со некој појак трактор. Сопственикот на поседот каде што е извршена кражбата изутринава рече дека дошол во нивата и приметил дека го нема мостот.
Веднаш дошла полиција, која направила увид и сега трага по мостот.
Мостот го користеле неколку семејства кои преоѓале на другата страна од потокот со земјоделската механизација.