Анкара: Договорот со Иран е клучен за стабилноста на Блискиот Исток

Од:

Турските власти денеска го поздравија нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили, оценувајќи дека неговото постигнување е од клучно значење за стабилноста на Блискиот Исток, но го предупредија Техеран да ја преиспита својата политика по низа прашања, од Сирија до Јемен.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавашоглу истакна дека транспарентното спроведување на договорот сега е клучно, како и дека од намалувањето на санкциите кон Техеран економска корист ќе има Турција, која е еден од главните трговски партнери на Иран.

Тој апелира до Техеран да има конструктивна улога во судирите ширум регионот.

– Треба да ја напуштиме политиката заснована на секташките поделби и посебно внимание да посветиме на политичкиот дијалог. Треба да придонесеме за решение на спорните прашања преку дијалог. Тоа го очекуваме и од братски Иран, посочи Даватоглу.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција