Неколку стотици жени, демонстрираа во Истанбул, на најголемите протести од овој тип, откако Турција најави забрана на абортусот.
Жените носеле транспаренти „Моето тело, мој избор“ и извикувале антивладини пароли, додека премиерот Таип Ердоган им порачал дека „никој нема право да изврши абортус“, истакнувајќи дека тоа е убиство.
Во 1990-та кога Ердоган бил градоначалник на Истанбул, ги забранил алкохолните пијалаци во градските кафани.
Неговата влада од 2002. година кога дојде на власт, се обидува да донесе закон, со кој неверството се третира како злосторство но, морала да се откаже под притисок на ЕУ.