Блокирано пристаништето во Будва поради зголемување на цените

Од:

Сопствениците на чамци со големина од над пет метри го блокираа денеска пристаништето во црногорскиот туристички центар Будва и фрлаа димни бомби во морето поради големото според нив зголемување на цените за годишен наем во пристаништето, јавуваат црногорските медиуми.

Протестот започна рано изутрина, а жителите на Будва го блокираа со чамци влезот и излезот од пристаништето. Според нив новите цени се многу повисоки од цените во други, многу подобро уредени пристаништа во регионот, како на пример во Хрватска.

Цената на годишен наем за брод со должина од 15 метри е 2.000 евра.

За помалите чамци цената од 300 е зголемена на 1.000 евра до 1.500 евра. Според локалните жители таквите цени се неприфатливи.

Стратекс групата, која од минатата година го презема работењето со пристаништето во Будва, тврди дека ценовникот не е променет од 2010 година, а дека протестираат само сопствениците на чамци кои го користат пристаништето на црно.

Би можело да ве интересира

Србин силувал жена на плажа во Будва, во тек е потрага по него

Во Будва се уапсени членови на мафијашки клан

Српски државјанин осомничен за киднапирање на невенчана сопруга е уапсен во Будва

Будва остана без струја

Горан Наумовски

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка на сезоната: Се „врти“ јагне на ражен на плажа во Будва

Катерина Ѓуровски