Прилеп подготвен за „Пивофест“

Од:

Прилеп е подготвен за одржувањето на 13-от фестивал „Пиво фест 2015“ што ќе се одржи од 16 до 19 јули, соопштија денеска на прес-конференција организаторите – локалната самоуправа и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.

– И годинава се очекуваат голем број гости од земјава и од Балканот. Се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери. Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп. На гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, рече Ристески.

На овој Пивофест, рече, ќе се дегустираат десетици видови пиво, ќе има рекорди во изедена скара и одлична забава.

– Пивофестот не е само обичен фестивал, туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. На Пивофест има три во едно, а тоа се преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добра забава во текот на сите четирите фестивалски денови, објасни Ристески.

Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Како и минатата година така и оваа, сите кои сакаат да присуствуваат на „Пивофест 2015“ во Прилеп ќе можат да дојдат бесплатно со возовите на Македонски Железници.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски