Хан идната недела доаѓа во Скопје

Од:

Портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич најави доаѓање на комесарот за проширување, Јоханес Хан во Македонија во текот на идната недела. Се очекува датумот на неговото пристигнување да биде 14-ти јули, односно во вторник следната недела, ден по најавеното доаѓање на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.

– Комесарот Хан останува во близок контакт со лидерите и има намера да патува во Скопје во првата половина на следната недела – изјави Коцијанчич по вчерашната прес конференција на Заев на која преговорите ги прогласи за неуспешни.
Според некои очекувања возможно е во вторник наредната недела партиските лидери повторно да седнат до маса и конечно да дојдат до некаква рамка за договор.

– Разговорите меѓу политичките лидери се во критичен момент. Европската унија очекува сите тие да се однесуваат одговорно и конструктивно и да работат итно и во добра волја во решавањето на ова вонредно прашање. Со оглед на големите предизвици со кои се соочува земјата, повеќе нема време за губење. Ние повторуваме дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни и го потврдија истиот на 19 јуни. Овој договор е основа за конечен компромис. Тие мора да ги имплементираат одговорностите што ги презедоа. Интересот на земјата мора да е на прво место – порача Коцијанчич.

– Компромисот е есенцијален елемент во демократијата. Политичката енергија мора да се фокусира не на партиските политички прашања, туку на реформите што се посочени во препораките на Еврокомисијата – додаде таа.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија