Граѓани за спас на Водно: Не ги уништувајте белите дробови на Скопје

Од:

Неформалното граѓанско здружение за спас на Водно ја предупредува јавноста: Водно продолжуваат свесно да го уништуваат!

Еве што стои во нивното соопштение:

Најновата агресија врз парк-шумата Водно е обидот на надлежните да ја започнат изградбата на пристапен пат до градежните парцели, лоцирани над постојната населба Водно, на кои треба да се градат огромни станбени објекти со над 200 стана. За таа цел се планира да се исечат неколку десетици квадратни метри шума од животно значење за жителите на Скопје, на кои Водно им е единственото преостанато зелено катче за рекреација, оаза на мир и спокој и, што е најважно, белите дробови на градот.

Овој потег на надлежните доаѓа не долго откако беше најавено дека сепак ќе се гради и заобиколна сообраќајница, која центарот на градот преку Водно ќе треба да го поврзе со населбите Жданец, Влае и Ѓорче Петров и тоа високо во пазувите на планината, низ густо пошумен дел, богат со вегетација и животински свет.

Со овие потези на надлежните власти всушност продолжува насилството врз Водно, кое започна со изградбата на патот за Сончев Град, жичницата, телекомуникациската кула на врвот на планината, како и најавата за изградба на скијачки центар, со што дефинитивно би се запечатила судбината на овој шумски предел, а со тоа и на надежите на Скопјани дека ќе имаат каде да избегаат од неподносливата урбанизација и загадувањето во главниот град.

Очигледно е дека надлежните свесно го занемаруваат фактот дека парк-шумата Водно била создадена од претходните генерации со цел заштита на градот како од аерозагадување така и од поројните поплави кои во минатото пустошеле од падините на Водно и дека предност им даваат на бизнис-интересите на она што јавноста го нарекува со терминот- градежна мафија.

Како неформална група на граѓани, оформена со цел да го крене гласот за спас на Водно, досега повеќепати на различни начини сме реагирале во врска со ова систематско уништување на планината која живот значи. И овојпат апелираме до надлежните ВЕДНАШ ДА ГИ СТОПИРААТ сите активности кои значат натамошна урбанизација и уништување на парк-шумата Водно и да работат на нејзина ревитализација . Исто така, бараме итно донесување на законска рамка со која парк-шумата Водно ќе биде внесена во некоја категориите на заштита на природни предели, од кои без соодветно образложение сега е изземена.

Водно им треба на скопјани, не го урбанизирајте, не му го уништувајте на градот она што остана од неговите бели дробови!

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно