„Баскерфест“ во Крушево

Од:

На Градскиот плоштад во Крушево синоќа посетителите ја проследија тричасовната програма на Меѓународниот и мултикултурен уличен фестивал „Баскерфсет“, кој годинава го слави својот 10-годишен јубилеј.

baskerfest-krusevo (1)

Точка со оган, магионичар, акробатот од Чиле „Господин Мустаќо“, креативна работилница, акробатски скокови…, беа дел од програмата.

„Баскерфест“ е дел од годинашната програма на „Крушевското културно лето“, кое е поддржано од општина Крушево и Министерството за култура.

baskerfest-krusevo (2)

Општина Крушево информира дека сите посетители ги очекува богата културна понуда. На Градскиот плоштад в сабота, на пладне под мотото „Говориме различно, танцуваме исто“, ќе се игра танцот зумба од ученици од различна етничка и верска припадност.

Овој настан е дел од програмата „Градиме мостови“, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование.

baskerfest-krusevo (4)

На 15 јули во Крушево ќе пристигне Сашко Коцев, а од 25 јули почнува манифестацијата „Крушево етно – град“.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска