Петнаесет луѓе загинаа, а двајца се повредени при судир на два камиони во Турција.
Сообраќајната несреќа се случила утрово во селото Ѓолмармара во округот Маниса, западна Турција.
Едниот камион превезувал работници. Се претпоставува дека причина за несреќата е што возачот на камионот со работници заспал зад волан.