Математичарката Хана Фрај смета дека пронашла совршена формула која открива дали вашата врска е последна, а се сведува на фактот колку негативно мажот и жената, односно парнерите се доживуваат меѓу себе.
– Во врските каде двајцата партнери се сметаат себе си за среќни личности, лошото однесување се смета за необично, изјави Фрај.
Меѓутоа, во негативните љубовни врски ситуацијата е спротивна. Лошото однесување се смета за некој вид норма.
– Во суштина здравите врски се оптимистички. Ако двојката изнесува аргумент, тие претпоставуват дека тоа го направиле бидејќи имале лош ден. Во негативните врски, луѓето само претпоставуваат дека нивниот партнер е злобен или себичен, додава математичарката.
Формулата на Хана го опфаќа расположението, очекувањето и влијанието на едниот кон дргиот партнер.
Всушност успешна љубовна врска е онаа во која двојката знае да го искористи проблемот на добар начин и на тоа работat заедно.