ШК Алкалоид се засили со пет велемајстори

Од:

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија, ШК Алкалоид, добива засилување од пет странски велемајстори, непосредно пред подготовките за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски клупски куп кое ќе се одржи во Скопје, во октомври годинава.

Покрај најдобрите македонски шахисти, боите на Алкалоид ќе ги бранат и петмина од топ 50 на светската рејтинг листа, кои ќе настапат и на екипниот Шампионат на Македонија, кој ќе се одржи од 20-ти до 26-ти јули годинава, во Струга.

Најновите засилувања на ШК Алкалоид се: Дмитриј Јаковенко, Јуриј Криворучко, Васиљ Иванчук, Дмитриј Андрејкин и Евгениј Томашевски.

Јаковенко (Русија) беше европски шампион во 2012 година,  светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година, првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година.

Томашевски стана европски шампион 2009 година, а има освоено прво место со руската репрезентација на Светскиот екипен шампионат во 2010 година.

Украинецот Иванчук неколку пати бил на второ место на светската рејтинг листа. Со репрезентациите на СССР и Украина има освоено 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени  олимписки медали, а во периодот од 2007-2008 е Светски шампион во брзопотезен шах (blitz).

Рускиот шахист Андрејкин има титули светски јуниорски првак за 2010 година и шампион на Русија за 2012 година.

Членот на украинската репрезентација Криворучко пред две години беше шампион на својата земја.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ