„Меѓународната федерација на новинари e шокирана од нападот врз новинарот Мери Јордановска и изразува голема загриженост заради третманот на Јордановска од страна на Миленко Неделковски“, се вели во писмото за поддршка на Меѓународната федерација на новинари испратено до Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници откако.
ССНМ информира за вербалните напади и сексуалното вознемирување на Јордановска од страна на авторот на фејсбук фан – страната на Миленко Неделковски
„Јасно е дека пишувањата на штетни и несоодветни (сексуални) коментари со нејзината слика, немаат ништо заедничко со јавниот интерес, ниту со чесно коментирање и дебата. Ова е сосема јасен личен напад заснован на физички изглед на колешката и со намера да ја вознемири и повреди, како и професионално да ја дискредитира. Ова е нешто што Меѓународната федерација на новинари целосно го осудува затоа што ги поткопува етиката и стандардите на квалитетното новинарство.Меѓународната федерација на новинарите и Советот за родова еднаквост апсолутно се солидаризираат против секаков вид малтретирање и вознемирување и е шокирана од информациите за ваков безобѕирен случај на сексуално вознемирување.Му честитаме на ССНМ за нивната решителна акција против културата на злоупотреба на сила, малтретирање и сексуално вознемирување. Знаме дека е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи и се залагаме тоа да преземе соодветна акција.Ги поттикнуваме, исто така, сите новинари да се солидаризираат во отпорот кон ваквото однесување и да се обединат и да ги заштитат колешките кои се таргетираат на ваков одвратен начин“ се вели меѓу другото во поддршката на Меѓународната федерација на новинари потпишана од претседателот Џим Боумела и Минди Рен, претседавач со Советот за полова еднаквост на МФН.