Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.
Попладне ќе има услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура од 13, а дневна 28 степени.
Без поголеми промени на времето се до средината на наредната недела.