Косовскиот Парламент денеска не ги усвои уставните амандмани со кои би се овозможило усвојување на законот за формирање на специјален суд за воени злосторства, јави ТАНЈУГ.
„За“ амандманите гласаа 75 пратеници, а потребно беше двотретинско мнозинство односно 82 гласови.
Претходно, беше одбиен предлогот за амандманите да се гласа тајно.