Малолетни девојчиња од дом нападнале и ограбиле скопјанец

Од:

Две малолетни девојчиња и едно момче, штитеници од домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“ во вторникот нападнале и ограбиле скопјанец, соопшти МВР.

Тројцата малолетници го забележале 53-годишниот скопјанец од село Катланово кој чекал автобус кај Транспортниот центар.

Едниот малолетник го удрил скопјанецот со камен во глава, од што човекот паднал на земја.

Му го украле паричникот во кој имало 13.000 денари и избегале. Скопската полиција ги пронајде ограбувачите и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски