Советот на ЕУ: Итни реформи во Македонија и независна истрага за објавените материјали

Од:

Советот на ЕУ ја повтори својата длабока загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза во заклучоците кои ги усвои денеска за Македонија. Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, вчера по час и половина дискусија за политичката криза во Република Македонија, одлучија за денеска да го остават официјалното усвојување на заклучоците за нашата земја.

Како позитивен чекор е нотиран напорот на партиските лидери да дојдат до решение во неодамнешните средби, и во тој контекст Советот на ЕУ ја поздравува улогата на комесарот Хан како олеснувач, како и на членовите на Европскиот парламент.

„Советот нотира дека договорот постигнат во Скопје на 2-ри јуни е значаен прв чекор кон решавање на политичката криза. Со овој договор партиите се обврзаа да ги адресираат сериозните недостатоци во владеењето на правото, да останат посветени на процесот за пристапување во ЕУ, како и на демократските принципи, вклучувајќи го и одржувањето на добри меѓуетнички односи преку целосна имплементација на Охридскиот Рамковен договор, како и на зајакнувањето на добрососедските односи“, стои во третиот заклучок.

Понатаму се вели дека договорот од 2-ри јуни е основа за идните дискусии. Па Советот ги повикува политичките партии – во интерес на сите граѓани и во интерес на државата – да ги преземат своите одговорности и да преземат идни мерки за долготрајно решение, конструктивно да се вклучат во политички дијалог и да продолжат со напорите за да се врати довербата во институциите.

Во својот четврти заклучок министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ги повикуваат сите партии да го почитуваат договорот од 2-ри јуни и во наредниот период да бидат имплементирани сите препораки од Комисијата, почнувајќи со итно спроведување на оние реформи кои се приоритетни, како системските прашања поврзани со владеењето на правото „кои беа потврдени или кои произлегоа од актуелната политичката криза.“

„Вклучително и реформи по однос на прекршувањата на фундаменталните права, по однос на независноста на судството, слободата на медиумите, изборите, корупција, партизацијата на државните институции, замаглувањата во поделбата држава-партија, како и неуспесите на надзорните комисии и тела. Имплементацијата на овие препораки ќе биде внимателно мониторирана од Комисијата. Итно се потребни изборни реформи во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР а кои, заедно со почетните систематски реформи, ќе придонесат да се одржи атмосфера на еднаков натпревар во пресрет на предвремените избори. Згора на тоа е неопходно што е можно побрзо да се обезбеди темелна и независна истрага за објавените материјали, како и за било каков кривичен престап, а при тоа да се почитува независноста на судството и презумпцијата на невиност“, стои во четвртата точка.

Во петтата се вели дека Советот ја очекува седницата на Советот за стабилизација и асоцијација во јули каде треба да се поднесе детален извештај за конкретните мерки кои се преземени во меѓувреме, а кои се предвидени за следните месеци.
За крај Советот ја нагласува потребата Македонија да направи видлив напредок кон итно исполнување на приоритетните реформи. Дополнително Советот ја потврдува ангажираноста на ЕУ преку редовно известување од страна на Комисијата и на ЕЕАС за напредокот од спроведување на препораките и за посветеноста на земјата кон ЕУ агендата, како и за процесот на проширување кој произлегува од актуелниот кандидатски статус. Советот додава дека ќе се врати на ова прашање во наредните месеци.

Заклучоците на Самитот на Европскиот совет в четврток и петок ќе бидат усвоени од страна на шефовите на државите и владите на земјите-членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ

Трамп: Најголем договор досега

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски

Трамп: САД и ЕУ имаат добри шанси да постигнат трговски договор

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски