Јанукович: Путин нареди да ми го спасат животот

Од:

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович за ББС изјави дека му е благодарен на рускиот претседател што му го спасил животот.

Тој кажа дека не ја порекнува својата одговорност за крвопролевањето на улиците на Киев за време на големите протести во февруари 2014 година.

Сепак, тој наведе дека никогаш не им наредил на силите за безбедност да пукаат на демонстрантите, но призна дека не направил доволно за да се спречи крвопролевањето.

-Не сум дал наредба да се користи оружје, тоа не е во мојот делокруг на одлучување. Без против користење на било каква сила, но припадниците на безбедносните сили го направија тоа што по закон можат да го направат, тие имаат право да го користат оружјето, рече Јанукович.

Рускиот претседател Владимир Путин на 23 февруари наредил руските специјални единици да го доведат Јанукович во Москва.

-Не ме консултираше околу тоа. Секако дека сум му благодарен што ми го спаси животот. Јас предупредував дека судирите нема да останат само на Мајдан, туку и дека ќе отидат многу подалеку. Ни ја уништија државата, го вовлекоа целиот свет во конфикт, додаде Јанукович.

Тој кажа дека руската анексија на Крим е трагедија која немаше да се случи доколку останел на претседателската функција.

-Тоа што се случи беше многу лошо, денес мора да се изнајде решение од оваквата ситуација. Таму сега има војна, а тие зборуваат за враќање на Крим. Како? Со војна? Дали ни треба уште една војна, праша Јанукович.

Тој победи на претседателските избори во 2010 година, а на неговото место по бегството во Русија дојде Петро Порошенко.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“