Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран крај Фиџи, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американскиот Геолошки институт.
Силниот потрес е регистриран на многу голема длабочина, 573 километри под океанското дно во јужен Пасифик. Потресот бил со епицентар на 56 километри североисточно од островот Ндои, што е дел од архипелагот Фиџи.
Во моментов нема податоци за настрадани лица или предизвикана материјална штета, ниту е издадено предупредување за бранови цунами.