Чилеанските власти прогласија вонредна еколошка ситуација во главниот град Сантјаго

Од:

Чилеанските власти денеска прогласија вонредна еколошка ситуација во престолнината Сантјаго и регионот околу него, пренесува бугарската новинска агенција БТА.

Мерката е воведена во момент кога земјата е домаќин на континенталното фудбалско првенство на Јужна Америка, „Копа Америка“.

Над 900 фабрики привремено ќе се затворат и издадена е забрана за движење по улиците за околу 40 проценти од 1,7 милиона автомобили во Сантјаго. Жителите на чилеанската престолнина се советувани да не се движат на отворено.

„Исправени сме пред необични услови, бидејќи јуни се покажа како еден од најсувите месеци во последните 40 години, а условите за циркулација на воздухот во долината Сантјаго се многу лоши во последните денови, што ја зголемува концентрацијата на загаденост“, соопшти во коминике чилеанското Министерство за животна средина.

Вонредната ситуација, прва од ваков вид од 1999 година, првично е воведена за време од 24 часа, но може да биде продолжена доколку властите проценат дека ситуацијата не се подобрила.

Следниот натпревар од „Копа Америка“ според програма е в среда. Тогаш домаќините од Чиле во Сантјаго ќе се сретнат со првиот четвртфиналист на турнирот – шампионот Уругвај, кој на ова првенство ја брани титулата.

Недостигот од дожд и ветар доведе до зголемување на концентрацијата на честички прашина во атмосферата. Квалитетот на воздухот уште повеќе е влошен од употребата на печки на дрва на локалното население, пред се, заради студеното време. Како резултат на тоа Сантјаго е обвиткан во смог.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера