Најсреќната фотографија на светот е пронајдена преку анкета, а психолозите отркиваат зошто дури 71 процент од луѓето што ќе ја погледнат се насмевнуваат.
Според психологот доктор Сајмон Мур причините за тоа што фотографијата со двојка во чија слика изненадно „влетува“ верверичка изнудува насмевка се следните:
1. Сите се смеат – Луѓето на фотографијата се смеат, што и нас автоматски не прави среќни.
2. Слатки работи – Сите нас не привлекуваат слатки работи како што се мали животни.
3. Околината – Луѓето се чувствуваат побезбедно кога гледаат природа.
4. Изненадување – Како и сите шеги, неочекувано е тоа што изнудува насмевка на лицето.