Иџе: Победата е императив!

Од:

Најдобриот македонски возач и бранител на титулата европски шампион со триумф сака да го избрише второто место освоено пред две недели во Чешка

Македонскиот автомобилистички ас, Игор Стефановски – Иџе ја продолжува европската одисеја со шестата трка со која ќе се комплетира првиот дел од Европскиот шампионат на ридски патеки и која викендов ќе се вози во Лиманова на југот на Полска. Досега, Иџе победи во Франција, Австрија, Шпанија и во Португалија, а  беше втор на последната трка во Чешка. Таа трка на бранителот на европскиот трофеј му донесе само 18 поени и затоа мора да оди на се или ништо во Полска. По првиот дел од сезоната и извозени шест трки во генералниот пласман се сметаат најдобрите пет резултати и тоа е причината поради која Иџе во Лиманова стреми кон највисокото скалило од подиумот.

–  Ова ми е многу важна трка. Со победа ќе го елиминирам второто место Чешка и ќе ја задржам пол позицијата за повторно освојување на европската титула. Во групата А, каде што вози мојот најголем конкурент за триумф во генералниот пласман Чехот Јаромир Мали, нема голема конкуренција и очекувам негова сигурна победа. Затоа, немам други опции освен да одам на триумф во Полска – вели бранителот на европската титула Стефановски.

Иџе во моментов е водечки во генералниот пласман со 118 поени, а Мали има 86 бода и го очекува голема битка за одбрана на пехарот. Во неговата група Н ќе повторно најголем конкурент ќе му биде Чехот Јири Лос, а дополнителен проблем може да биде и дождот кој е најавен за викендот во Полска.

– Патеката е многу лизгава. За викендот се најавени врнежи од дожд, а тоа значи дека ќе морам да се бидам максимално концентриран на патеката. Едно мало невнимание може да вбиде кобно. Лани во Полска од Чешка дојдов со изудирано возило и на оваа патека имав пех да ми откаже моторот. Сега се е во најдобар ред со возилото и се надевам дека овој пат нема да бидам така малерозен. Возилото би требало да ги издржи предизвиците и семтам дека можам да го освојам првото место – додаде Иџе.

Лиманова е релативно нова ридско-брзинска трка. Ова е нејзино седмо издание, а по втор пат се најдоа на календарот за Европскиот шампионат. Патеката е долга 6.200 метри, натпреварувачите ќе имаат по две возења, а за пласман се смета збирот од двете постигнати времиња.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ана Ололовска