Аналитичарот, Суад Мисини четврти ден штрајкува со глад пред Собранието како поддршка за бегалците кои се држат затворени во Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, каде со месеци живеат во нехумани услови.
Мисини се заканува дека доколку во рок од 24 часа не се исполни неговото барање за ослободување на бегалците, штрајкот со глад ќе го прошири и на вода.
Тој го напиша ова предупредување на својот фејсбук профил, додавајќи дека ќе одбие и било каква медицинска помош доколку му се влоши здравјето.
„Ова е чтвртти ден од мојот штрајк со глас. Се уште нема никаков одговор од страна на властите по однос на моето трето барање: ослободување на притворените лица во Центарот во Гази Баба и негово последователно затворање. Ситуацијата во Центарот е неподнослива и веднаш треба да се одговори на ова. Барам премиерот Груевски јавно да го искаже својот став за ова прашање, во рок од 24 часа: дали оваа криза ќе се реши или не. Неуспехот да се обезбеди конечно решение, ќе испровоцира мојот штрајк да биде тотален: освен храната, ќе биде исклучена и водата. Исто така, доколку мојата состојба се влошува, одлучно ќе одбијам било каква медицинска интервенција“, порачува тој.