Американскиот амбасадор на Обединетите нации Саманта Пауер ја обвини Русија за измислување на „целосни лаги“ околу Украина, со цел да го сокрие директното учество на руските власти во војната, со кое сака да ги осуети прозападните украински сили.
Пауер изјави дека Русија покренала војна во срцето на индустриското подрачје на источна Украина пред 14 месеци, со намера новата Влада да остане без финансиски средства, пренесува Танјуг.
Таа го обвини Кремљ дека тогаш се обидувал да го прикрие својот план преку медиумска пропаганда и неискрени говори во Советот за безбедност на ОН, што придонело Владимир Путин да добие рекордна поддршка од домашната јавност.
– Фокусот на Советот за безбедност на Украина е важен, бидејќи ми дава шанса во име на САД да изнесам доказ за тоа како Русија ја прикрива својата агресија, додаде таа во 70 минутното обраќање пред стотици луѓе во Киев.