Решение има и мора да се договори, но сега се зависи од македонските политичари, изјави известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска за МИА додавајќи дека по неуспешната лидерска средба вчера во Брисел било договорено дека разговорите мора да продолжат. Тој присуствуваше на вчерашните преговори кои треаеја речиси 12 часа, но кои завршија без постигнат комромис.
Вајгел порачува дека топката е сега целосно во рацете на македонските политичари сами да се договорат за излез од кризата. Сепак, посочува, под прашање е ставена кандидатурата на Македонија за членство во Унијата и вели дека постои можност договорот да се постигне предоцна за земјата да ја задржи својата препорака. ЕУ, вели Вајгел, не им стои туку-така на располагање на македонските политичари.
– Тоа мораат да го разберат сите релевантни политичари во земјата во однос на целиот процес – дециден е Иво Вајгл.
-Јас сум бесен и разочаран.. Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот. Се разбира, големо е разочарувањето од односот на некои политички актери, кои очигледно немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија. Имено, и покрај заплашувањето од страна на некои европски политичари за блокирање на процесот на проширување на Европската унија, има голем интерес да и се даде на Македонија шанса за почеток на преговорите, но сега е на патот нова препрека. Потребен е политички договор и демонстрација на единствена волја на македонските политичари, како и тие да направат се за државата да претендира кон ЕУ и за почеток на преговори – изјави словенечкиот европратеник за дописникот на МИА од Брисел.
На прашање да го посочи името на главниот виновник за неуспехот на вчерашните маратонски Вајгл, како и комесарот Хан на Твитер, тој одби директно да посочи име.
– Премногу сум искусен за да давам изјава за поедини личности и политичари и тоа е работа на македонските политичари. Јас можам да говорам за интересот на Македонија и македонските политичари како целост и како целина, а со цел да успееме да излеземе од кризата. Па, дури ако само еден од политичарите не е подготвен на компромисно решение, што беше случајот синоќа, сепак, на крајот резултатот е на штета на сите, а најмногу на државата – вели Вајгл.
Тој посочува дека времето е ограничено и дека се потребни сите напори да се задржи европската перспектива на Македонија во пресрет на извештајот на Европската комисија во октомври, а со тоа и да не се изгуби препораката на Европскиот парламент.