Поранешниот португалски премиер Сократиш одбива да биде префрлен во домашен притвор

Од:

Поранешниот португалски премиер Жозе Сократиш, кој е во притвор од ноември под сомнение за корупција, го отфрла предлогот да биде префрлен во „домашен притвор“ со безбедносна алка.

Сократиш упати нови напади врз судскиот систем во Португалија, обвинувајќи дека тие се обидуваат да ги прикријат грешките дозволени во неговиот случај.

Поранешниот премиер е уапсен како превентивна мерка, додека трае истрагата против него за даночни измами и корупција. Тој ги отфрли обвиненијата против него, оценувајќи го случајот како голема и жестока неправда.

Обвинителството се уште нема покренато обвинение против него. Сократиш тврди дека е еднострано наредено да биде ставен во притвор, иако тој ги отфрлил сите обвиненија. Сега обвинителството бара негова согласност тој да биде префрлен од затвор во домашен притвор, но тој во своето писмо нагласува дека никогаш нема да прифати такво нешто.

– Такво половично ослободување нема друга цел, освен да ја прикрие првично дозволената грешка и последователните грешки. По шест месеци во затвор нема факти, нема докази, нема обвиненија, истакна Сократиш, додавајќи дека домашниот притвор може да биде обид за изнудување признание од него.

Жозе Сократиш беше премиер на Португалија меѓу 2005 и 2011 година и е првиот поранешен премиер ставен во затвор, по демократската револуција во земјата во 1974 година.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Португалија

Емир Латифовиќ

Парламентарни избори во Португалија

Емир Латифовиќ

Четворица повредени при железничка несреќа во Португалија

Ана Ололовска

Португалија со најмногу жени милионери

Емир Латифовиќ

Гаспар: Ниту евро не смее да се потроши без мое знаење

Емир Латифовиќ