Стартува ТЕХНОМА 2012

Од:

38-то издание на Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – ТЕХНОМА 2012 започнува во вторник во Скопје.

Предвидено е на оваа самеска манифестација, која ќе трае до 20 октомври, да се претставата околу 600 компании од Македонија, како и од  регионот и светот.

Во рамки на саемот во Метрополис арената организирани национални претставувања ќе имаат 20 компании од Хрватска, по 15 компании од Грција и од Словенија, и 10 компании од Бугарија.

Напоредно со саемската манифестација ТЕХНОМА 2012 се одржуваат и две придружни манифестации и тоа Саемот на занаетчиство и мало стопанство, како и Изложбата на пронајдоци МАКИНОВА.

Во програмата на изложување има околу 100 иновации и дизајн од кои 50 се од регионот, а 50 се трудови од младинското творештво. За време на саемот ќе се одржуваат работилници и презентирање на кампањата Добра Идеја.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница