„Граѓаните за Македонија“ испратија писмо до меѓународната заедница

Од:

„Граѓаните за Македонија“ испратија писмо до комесарот Јоханес Хан, до европратениците Ричард Ховит, Едуард Кукан и Иво Вајгл, пратениците на ЕП кои се членови на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, координаторите на парламентарните групи во Европскиот парламент, амбасадорите на државите-членки на ЕУ во Македонија и до амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, во кое се вели дека треба да им биде вратено општеството на оние на кои им припаѓа, на граѓаните на Македонија.

„Согласни сме дека граѓанскиот сектор во секое демократско општество треба да биде коректив на власта и едногласни сме дека нашето општество веќе не е демократско, дека ги исцрпивме сите методи и дека ги направивме сите обиди да ја вразумиме актуелната власт во Македонија. Оваа власт одбива да се вразуми и затоа треба да си оди и да ја ослободи државата од заложништво. Немаме веќе време, ниту трпение, ниту верба во оние што досега ја водеа државата, зашто ја водат во пропаст, го трошат богатството на нашата земја и ги бркаат нашите деца во емиграција, во неповрат. Едногласни сме и дека демократијата, плурализмот и учеството на граѓаните во носењето одлуки треба да ги практикуваме секојдневно, во секој сегмент од општественото живеење, а не само на денот на избори. Ние сме за разноликост и за слободно изразување, а не за едноумие. Сакаме слободно општество, а не контролиран живот и исплашени граѓани. Едногласно бараме итно да се формира преодна влада, која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија. Составот на преодната влада е прашање на договор меѓу главните политички партии. Сепак, составот на таа влада треба да ги исклучи сите членови на актуелниот состав на Владата на Македонија бидејќи сите тие се сериозно компримитирани преку нивните зборови и дела регистрирани во сниманите разговори објавени од опозицијата. Затоа, учеството на кој било член на актуелниот состав на Владата во преодната влада може сериозно да го поткопа кредибилитетот на целиот процес и вербата на граѓаните во праведно решавање на политичката криза“, се вели во писмото на „Граѓаните за Македонија“.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ