Понта: Невин сум и верувам во правосудството, опозицијата ја бара неговата оставка

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта денеска по итната седница на лидерите од владеачката коалиција изјави дека се чувствува невин и дека верува во правосудсвтото, пренесе сајтот Зиаре.

Понта, кој е лидер на Социјалдемократската партија, во петокот беше обвинет од Националната дирекција за борба со корупцијата за давање неточни извештаи, соучесништво во даночни измами и перење пари.

-Не се чувствувам жртва (…) Јас сум политичар, борец, и сметам дека имам обврска да се борам за тоа што е праведно, изјави Понта. „Сакам да прецизирам дека како човек кој завршил Правен факултет, сум работел во правосудството, јас верувам во правосудството (…) Се сметам за невин по обвиненијата кои ми се поднесени. Ќе се јавам кај обвинителите колку и да ме повикуваат (…) и сум потполно убеден дека на крајот ќе се утврди вистината“.

Премиерот призна дека ова е тежок момент за него и од лична и од политичка гледна точка. „Но јас сум минал низ многу тешки моменти и ќе минам и преку овој“, додаде Понта.

Истовремено, денеска романската опозициска партија Народно движење свика митинг со барање за оставка на премиерот Понта

Претседателот на партијата соошти дека денеска на пладне организира митинг на кој ги покани да се приклучат сите Романци кои ја сакаат оставката на Понта по отворањето на постапката за кривиочно гонење против него од страна на обвинителите од Националната дирекција за борба со корупцијата, јави Заире.

Митингот почна во 12 часот пред зградата на Владата, на Плоштадот на победата во Букурешт.

„Сведоци сме на првиот случај во историјата на Романија, кога еден актуелен премиер е обвинет за тешки корупциски постапки. Романија не им припаѓа на една група команданти од Социјалдемократската партија, таа е нашата земја, на сите кои сакаме да ја промениме кон подобро, сите кои чесни си ги плаќаме даноците и таксите и кои веруваме во демократијата и европската судбина„, се посочува во соопштението на опозициската партија.

Во него се додава дека „Виктор Понта се компромитирал пред многу време, но сега ризикува да ја компромитира целата земја“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски