Во месноста Еленец во село Цера, Македонска Каменица, денеска ќе се одржи четвртата манифестација „Бабина баница“.
Настанот е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, со поддршка на општината и локални институции и здруженија на граѓани.
Покрај богатата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат секции од здруженијата на пензионерите, ќе се одржи и натпреварот „Бабина Баница“. Според традицијата, баниците се подготвуваат под вршник. Пријавени се екипи од повеќе здруженија на пензионерите. Најдобрите три баници ќе бидат наградени, а изборот ќе го изврши посебна комисија.
Организаторите очекуваат 5.000 до 6.000 посетители кои покрај тоа што ќе може да уживаат во живописниот пејсаж и преубавиот манастир, ќе може да пробаат и селска манџа подготвена по локална традиционална рецептура.