Членови на движењето #протестирам кое се формираше по настаните на 5. мај кога се објави бомбата за Мартин Нешковски го започнаа протестот на булеварот Климент Охридски непосредно во близина на Владата.
Во моментов граѓаните пристигнуваат на булеварот Климент Охридски, а оттаму демонстрантите ќе маршираат до министерството за правда, а потоа до читалната „Браќа Миладиновци“, каде на протестот на 5. Мај припадници на специјалните единици барајќи демонстранти извршија упад во читалната и ги вознемирија присутните студенти.