Бура реакции и негативни коментари предизвикаа ставовите на директорката на театарот Комедија, Јелена Жугиќ, изнесени на официјалната фејсбук страница на театрот Комедија.
Жугиќ по герила – акцијата на #протестирам ги нарече младите луѓе ДНО.
Откако таа реакција наиде на критики, Жугиќ од фејсбук потполно го деактивира профилот на театарот Комедија.
„Некоја чудна публика….ДНО:-((((((((( Лисистрата ПРОДОЛЖУВА!!!!“, напиша Жугиќ.
„Браво за публиката“, „Злоупотреба на службен театарски профил за режимски цели, Дупло дно-дна“, „Жугиќ вие не сте Театар Комедија, пишувајте од ваше име“, „Женава ептен забега, си дозволи за публиката од која јаде леб, да ја нарече дно, дно од актер“, „Браво за публиката“ Жугиќка, барај жено субвенции, „После ваков ДНО коментар, тешко ќе продадеш билет“…
По овие реакции, профилот на Театарот Комедија на фејсбук е затворен.