Денешниот протест може да биде незадоволство од тоа што Европската унија и понатаму ги влече нозете наместо да изврши притисок и Македонија да се ослободи од ова малтретирање, изјави извршниот директор на Фондација отворено општество Македонија, Владимир Милчин, на денешниот антивладин марш на кој граѓаните повторно побараа оставка од премиерот Груевски и владејачката врхушка.
Милчин, кој маршираше во првите редови, кратко и јасно порача „оставка“ пред камерите. Како што подвлече тој „Нема правда во Македонија без оставка на Груевски“ и додаде дека без оглед на договорот што беше потпишан вчера меѓу партиските лидери „нема шанса да не се исполнат барањата.“
Граѓанските активисти, рече тој, остануваат во кампот пред Влада затоа што таму им е местото.