Иако секоја врска е приказна за себе, причина за крај на врската или за развод секогаш е од некои „веќе видени“ проблеми.
Некомпатибилност
Доколку партнерите немаат исти ставови и визии за заедничка иднина, голема е веројатноста дека тој брак ако нема доволно толеранција и компромис ќе пукне како балон од сапуница. „Непремостливата разлика“ е еден од најчестите споменати причини на суд кога партнерите бараат развод.
Лоши навики
На почетокот на врската ништо не е „сиво“, се е розово. Чувството на вљубеност, несвено идеализирање на партнерот, а подоцна се соогледуваат неговите недостатоци. Одеднаш навиките како оставање чорапи на под, или честите излегувања со пријателите не може да се толерира. Отсуството на желбата таквите и слични лоши навики да се променат поради љубов по правило ја осудува врската на пропаст.
Секојдневност
Најчесто настанува по медениот месец или по раѓањето на детето. Некои партнери во врската имаат чувство дека се наеднаш застанало, нема изјави на љубов, мали изненадувања за годишнина, ниту било какво изненадување. На емотивните луѓе таквите ситници многу им значат и едноставно не можат да се помират дека сетоа тоа исчезнало.
Посесивност
„Убиство со предомисла“, психолозите често ја нарекуваат потребата на една личност да го контролира партнерот. Посесивните личност таа нивна карактеристика често добро ја кријат во почетокот на врската, но со време работите се кристализираат и кога пеперутките во стомакот исчезнуваат, партнерот кој е „жртва“ на секојдневна контрола не може да поднесе врска која наликува на испрашување во полиција.
Изолација
Ставањето и социјалниот живот во втор план може лесно да доведе до пукање на врската. Целосно посветување само на врската и семејството не е ништо лошо, но ако сте личност која не е домашен тип и не сака во целост да се откаже од својот претходен живот, може и вие да станете дел од неславните статистики на пропаднати врски.
Злоставување
Многумина не разбираат дека постојат работи кои одат рака под рака со злоставување, иако не вклучуваат нужно подигање на рака врз партнерот. Нерамноправноста во врската, непочитувањето, „психичката туртура“, но и физичките напади се почести причини за развод.
Недостаток на комуникација
Забрзаното темпо на живот, недостатокот на слободно време и недостаток на добра комуникација, сите овие „состојки“ кои вашата врска ќе ја претворат во „горко јадење“. Недостатокот на комуникација е еден од најчестите проблеми во врската, бидејќи таа нужно води до создавање на голем јаз меѓу двете страни.