Стапува во сила Договорот за стабилизација и асоцијација на БиХ со ЕУ

Од:

Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Босна и Херцеговина и Европската унија денеска стапува на сила со цел подготовка на државата за членство во Унијата.

Советот на Европската унија за општи работи на 21 април донесе одлука за склучување на тој договор со БиХ кој беше парафиран во 2008 година. Тогаш почна подготовка само на трговскиот дел од договорот, но не и политичкиот.

Со стапување на сила на Договорот, од денеска на државата и се потврдува статус потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

Досега се беше на статус „чекање“ поради внатрешните несогласувања и неспособност на локалните политичари да исполнат предуслови на кои инсистира Брисел.

– Во контекст на членство во ЕУ договорот служи како основа за спроведување на процесот на пристапување, се вели во соопштението кое го пренесуваат медиуми во БиХ.

Активирањето на Договорот, претседавачот со Претседателството на БиХ Младен Иваниќ го оцени како отворање на нови перспективи на државата по „седум години безнадежност“.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници