Анкета: Македонските граѓани сакаат во ЕУ, но без промена на името

Од:

Поддршката за членство на Македонија во ЕУ е се уште голема и непроменета во споредба минатата година. Факторот „промена на името“ на државата кај значителен дел од граѓаните е влијателен при нивната поддршка за евроинтеграцискиот процес.

Мнозинство граѓани поддржуваат влез во ЕУ без отстапки за името на државата – 58,8%, додека близу една четвртина поддржуваат влез дури и со отстапки за името 23,8%. Членството на Македонија во ЕУ не го подрржуваат 13,6% од испитаниците.

Ова се резултати од теренското истражување на јавното мислење за ЕУ интеграцијата на Македонија направено во периодот од февруари до март оваа година на 1.603 испитаници на македонски и на албански јазик во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ што го спроведува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС).

Проектот е финансиран од ЕУ и имплементиран од страна на ИДСЦС, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он