Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ Петерле во Македонија

Од:

Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европска унија, Алојз Петерле денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Петерле ќе одржи тета-а-тет средба со пратеникот Кенан Хасипи, кој е копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет РМ – ЕУ, а потоа е предвидена средба со Хасипи и членовите на Мешовитиот парламентарен комитет.

Последниот 12-ти по ред состанок на Мешовитиот парламентарен комитет се одржа во Европскиот парламент во Стразбур кон крајот на ноември 2014 година и уследи по предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија и по изборите во Европскиот парламент.

На состанокот кој првпат се одржа во нов мандат беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во државата по предвремените парламентарни избори, за владеењето на правото, реформите во судството и администрацијата, борбата против корупцијата, за слободата на изразување и медиумите.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он