Николиќ и Лавров загрижени за безбедноста во регионот

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека Балканот, за кој Србија „изминатите неколку години интензивно се трудела да биде оаза на мирот“, повторно е вратен неколку години наназад, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази загриженост поради тенденциите за ширење на екстремизмот во регионот.

– Сето тоа се последици на прогласување на т.н. независна држава Косово и нејзината желба, како и желбата на Албанија да се создаде една голема албанска држава, која би ги зафатила границите на неколку соседни држави, најмалку четири соседни држави, оцени Николиќ во разговорот со Лавров во Белград.

Тој додаде дека руските и српските ставови во надоврешната политика се мошне блиски, особено во врска со жариштата кои се отвараат ширум светот и му заблагодари на шефот на руската дипломатија за поддршката на Москва за суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

– Мошне го цениме апсолутно јасниот, цврст став и поддршката на Русија за нашиот суверенитет и територијален интегритет и нашата борба за зачувување на Косово и Метохија во составот на Србија, рече Николиќ на почетокот на состанокот со Лавров, кој беше отворен за јавноста.

Николиќ нагласи дека е бесмислена одлуката без поддршка од Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации за косовската независност, која набрзина ја прифатиле некои држави во светот, предизвикала верижна реакција со негативни последици во целиот свет.

Тој истакна дека Србија повеќе од 200 години има извонредни односи со Русија и својата судбина ја врзува за оваа земја.

– Кај на се знае дека кога на Русија и оди добро, добро и оди и на Србија. Ве молам поздравете го претседателот на Русија и посакајте му успешно да ја води својата држава, рече Николиќ.

Тој наведе дека двете земји имаат извонредна економска соработка и истовремено изрази жалење што не дошло до реализација на проектот за изградба на гасоводот „Јужен Поток“, но додаде дека се надева оти рускиот гас на друг начин ќе стигне во Србија.

Лавров му ги пренесе на Николиќ поздравите на Путин и изјави дека Москва високо го оценила доаѓањето на претседателот на Србија на парадата во Москва посветена на 70-годишнината од победата на фашизмот.

– Тоа се случи во контекст на обидот да се намали значењето на овој празник, да се шпекулира за овој празник. Тоа се политички цели, кои немаат ништо заедничко со нашата заедничка победа и тоа за што се изборивме и што Европа мора да го чува и да не дозволи да биде поразено, рече Лавров.

Тој посочи дека соработката меѓу двете земји во врска со меѓународните теми, се развива мошне констуктивно. – Ги усогласуваме нашите акции, разменуваме оценки и информации во ОН и ОБСЕ. Србија, која со претседавањето со ОБСЕ дејствува урамнотежено, како што е потребно на таа позиција, не заземајќи еднострани пристапи и ставови и се труди да изработува консезуални пристапи, оцени шефот на руската дипломатија.

Лавров изрази загриженост поради тенденции за препород на екстремизмот на Балканот и изјави дека Москва сака да учествува во решавање на регионалните проблеми, „бидејќи во спротивно постои ризик да се соочиме со нови несреќи во регионот“.

– Од голема важност е нашите партнери, пред се ЕУ, да не ги занемаруваат овие проблеми. Таложењето на проблемите кои не се решаваат се закануваат со експлозија. Поради тоа е потребно да се најде праведна одлука за решавање на проблемите, без разлика дали станува збор за Косово, Босна и Херцеговина или Македонија, рече Лавров.

Тој додаде дека еден од темелите на соработка меѓу Белград и Москва е економијата, како и дека руските вложувања во Србија се околу четири милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ