Романскиот претседател се закани со тужба по тврдењата на премиерот за корупција

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека тврдењата на премиерот Виктор Понта, со кои открива трговија на влијание на ниво на претседателска администрација во врска со извозот на дрво се неточни, објави сајтот „Зиаре“.

Претседателт нагласи дека имал телефонски разговор за тоа прашање со директорот на романската разузнавачка агенција Едвард Хелвиг.

– Премиерот тврди дека има информации од служби дека луѓе од моето опкружување имале средби со разни претставници на компании од дрвопреработувачката индустрија и дека имало трговија со влијание на претседателско ниво. Тоа е неверојатно и навредливо, нагласи Клаус Јоханис.

Романскиот претседател нагласи дека засега нема разговарано со премиерот за обвинувањата, но дека разговарал со директорот на Агенцијата за разузнавање и побарал да бидат анализирани и испитани ваквите тврдења.

– Ако тврдењата се потврдат ќе бидат донесени и применети итни мерки, а ако не се потврдат тогаш премиерот ќе одговара за тие тврдења. Тие се многу сериони и треба да се третираат како такви, изјави претседателот Јоханис.

Премиерот Виктор Понта претходно изјави дека претседателот Јоханис бил дезинформиран од „добронамерници либерали“, кои вршеле трговија со влијание во интерес на компанијаат „Холциндустри Швајгхофер“, според информации со кои располагал во функција на премиер.

– Дами и господа од Национал-либералната партија имале средби, официјални и приватни, со претставници на „Холциндустри Швајгхофер“, изјави премиерот без да изнесува имиња. На прашањето од каде ги знае тие информации, Понта одговори дека во функција на премиер треба да биде информиран добро и итно, во случај на кризна ситуација и дека сега ситуацијата е кризна.

Весникот „Романија либера“ потсетува дека во февруари годинава романскиот парламент усвои нов закон за шумарство, кој беше вратен од претседателот Клаус Јоханис со образложение дека ја ограничува економската активност и влијае врз конкуренцијата. Претсдателот беше обвинет дека ги штити интересите на австриската компанија „Холциндустри Швајгхофер“, а медиумите пишува за наводна блискост на претседателот со сопственикот на компанијата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски