Изминатата ноќ непознати лица ја нападнале куќата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Како што пренесува порталот Ватра на албански јазик вчера вечерта околу 22:30 часот биле фрлени две рачни гранати, при што се вознемирија и жителите на Зајаз.
Како што велат извори од Зајаз за порталот Ватра, немало повредени, но стравот и несигурноста владее кај населението.
Овој напад доаѓа два дена после нападот врз седиштето на ДУИ, каде непознати лица со мотор фрлија бомба во објектот на партијата во мала Речица во Тетово.