Инцко: Треба да им се помогне на силите за позитивни промени во БиХ

Од:

Меѓународната заедница има обврска да им помогне на силите за позитивни промени во Босна и Херцеговина до максимум да ги искористат своите капацитети, изјави денеска високиот претставник Валентин Инцко пред Советот за безбедност на ОН.

Во своето полугодишно обраќање до ова тело, високиот претставник нагласи дека, иако политиката свртена кон минатото се уште има сила да изврши негативно влијание, во Босна и Херцеговина „со секој ден е се посилна снагата на луѓето свртени кон иднината“.

Инцко додаде дека меѓународната заедница мора да даде се од себе за да и помогне на БиХ да ја искористи шансата која и ја  даде ЕУ, за 2015 година да остане забележена како година во која Босна и Херцеговина одлучно се свртела кон иднината.

Високиот претставник нагласи дека случувањата во следните шест месеци ќе имаат многу важна улога и влијание врз начинот на кој граѓаните на БиХ ќе гледаат на дваесетгодишнината од Дејтон.

-Мирот, секако, е непроценлив и никогаш не треба да се зема здраво за готово. Но, тој претставува основна појдовна точка, а не крај на патот. Сосема е исправно дваесет години по војната граѓаните на Босна и Херцеговина, посебно младите луѓе, да очекуваат далеку повеќе од својата земја и нејзините политичари, рече Инцко.

Тој, исто така, нагласи дека, доколку во неделите и месеците што следат вредно се работи и доколку се остварат резултати, тогаш граѓаните ќе можат да гледаат во иднината со вистински оптимизам.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници