Лавров: Испораката во Сирискиот авион беше легална

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека сирискиот авионот кој беше принуден да слета во Турција, легално носел делови за радари од Русија кон Сирија.

Лавров изјави дека пратката е целосно во согласност со меѓународното право. Тој рече дека авионот не носел оружје и дека “електричната опрема за радари” е легитимен товар.

Турски воени авиони пресретнаа во средата доцна попладнето, сириски авион кога влегол во турскиот воздушен простор под сомнение дека пренесува оружје за Дамаск. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека авионот носел воена опрема и муниција.

Лавров додаде дека пратката има “двојна намена”, што значи таа може да има и цивилна и воена примена. Тој наведе дека руската компанија која ја испрати пратката за Сирија ќе бара од Турција да ја врати.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио