Косовскиот премиер Мустафа ги осуди случувањата во Македонија

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа во вторникот ги осуди случувањата во Македонија и порача дека одговорните треба да се изведат пред лицето на правдата, пренесуваат косовските медиуми.

Мустафа, кој во моментов е во посета на Словенија, изразил загриженост поради состојбата во Македонија по крвавите настани во Куманово, но ја исклучил можноста насилството да се прелее на Косово.

Тој порачал дека Косово ги осудува сите постапки кои ја загрозуваат Македонија и го дестабилизираат регионот, потенцирајќи дека косовските органи се подготвени тесно да соработуваат со Македонија и останатите земји во регионот за да се спроведе истрага на сите околности кои довеле до трагедијата во Куманово.

Косовскиот премиер навел дека Косово ја зголемило контролата на границите и дека соработува во размената на безбедносните информации со другите служби во регионот, со кои има воспоставено и координација на активностите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ