Романските власти размислуваат за воведување задолжителни подготвителни часови за кибер безбедност во училиштата во земјата, имајќи предвид дека од се помала возраст учениците имаат пристап до Интернетот и на тој начин се изложуваат на најразлични ризици, изјави директорот на Кибер центарот во романската служба за безбедност, Флорин Козмој, информираат романските медиуми.
Директорот Козмој објасни дека проблемот бил разгледан на седница на Врховниот совет за национална одбрана, како и во ресорните парламентарни комисии.
Според него, таквите часови најверојатно ќе се воведат во гимназиите. Помалите ученици,пак, ќе бидат обучувани како да избегнуваат пристап до сомнителните адреси на Интернет, да не ги даваат своите лични податоци и како безопасно да сурфаат.