Рекордна цена за слика од Пикасо

Од:

Слика од Пикасо постигна рекорд како најскапо некогаш продадено уметничко дело постигнувајќи цена од 179,4 милиони долари на аукција на Кристи`с во Њујорк.

Аукциската куќа процени  дека кубистичкото масло на шпанскиот сликар Пабло Пикасо „Les femmes d’Alger (Верзија О)“ ќе биде продадена за околу 140 милиони долари, но неколку понудувачи натпреварувајќи се по пат на телефон доведоа до победничката понуда од 160 милиони долари.

Оваа сума со провизија од нешто повеќе од 12 отсто за Кристи`с ја донесе конечната цена од 179.365.000 долари, јави Хина.

Би можело да ве интересира

Виолина од 1714 година продадена за 11,25 милиони долари

А1он

Тивка аукција на ученички фотографии со филантропски пораки

Ана Ололовска