Во Чиле е конфискувана пратка со 800 килограми кокаин, сокриен во камион од Боливија

Од:

Чилеанската полиција конфискувала пратка со 822 килограми кокаин, сокриен во камион со дрвена граѓа, што на граничниот премин пристигнал од Боливија, соопштија вчера локалните медиуми, пренесува ТАСС.

Дрогата била распоредена во пакети од по 130-150 грама, завиткани во алуминиумски фолии и премачкани со смола, за да се залажат полициските кучиња.

Полицијата претпоставува дека дрогата е во вредност од околу 32 милиони евра и дека била наменета за пазарот во Франција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера