Романија се докажа како лидер во информатичките технологии и веќе не е тајна дека романскиот јазик е вториот најчесто зборуван јазик во канцелариите на Мајкрософт низ светот, изјави денеска Брус Ендрјус, американски заменик министер за трговија, информира агенцијата Аџерпрес.
Ендрјус се наоѓа во Букурешт на регионалната средба за кибер безбедност, која денеска беше отворена во романскиот Парламент.
– САД гледаат многу можности за развој на односите со Романија во областа на кибер безбедноста, кажа уште Ендрјус.
На денеска отворената средба, чија работа ќе трае до 13 мај, учествуваат 17 држави од Централна и Југоисточна Европа. Тие ќе ги претстават своите политики во областа на кибер безбедноста и ќе ги разгледаат можностите за меѓународна и регионална соработка.